Функции:
Работната сила за производство на дрво, железо и камен. Плаќаат данок.
Плаќање на даночна стапка, таа се одредува од играчот.
Регрути потребни за воена подготовка
Индикатори - во десниот агол на Мапата на Империјата:
Моментален број население.
Под нив - работници; неактивно население; лимит на население; капацитет на фарми.
Во кој било момент работниците може да се вработат/отпуштат во менито за Работници (десната страна на Мапата на Империјата) и по тој начин да се управува производството и бројот работници од коишто можете да извлекувате данок.
Прираст на население и Лимит:
Основен прираст на население: 1 x моментално население/1000+50. На пример, ако имате 1000 население, неговиот прираст ќе биде 51 на час. Во случај од 10 000, прирастот ќе биде 60.
Изградбата на Куќи го зголемува лимитот на население за 10% по ниво от претходното, почнувајќи од основа - 1500 луѓе.
Изградбата на фарми ги намалува загубите на население поради недостиг на храна за 5% по ниво според претходното, почнувајќи од основа 7500 души. Капацитетот на Фарми во престолнината има бонус + 100 000. При промена на престолнината овој бонус се пренесува во новата престолнина.
Истражувањето Медицина го зголемува прирастот за 5% по ниво.*
Активирањето Премиум, платен со дијаманти, исто го зголемува прирастот, за 10%.
*Истражувањата кај Империјаните се за 15% побрзи от номадските.
БездомнициБездомници се населението кое се собира кај Империјан кога веќе го достигнал лимитот на население, дозволен од моменталното ниво Куќи. Прирастот на бездомниците е два пати помал. Тие може да бидат регрутирани за војска, но не може да бидат вработени и затоа не произведуваат ресурси. За да ги искористи, Империјанот треба да изгради доволно нивоа Куќи. Кога бројот на население ќе достигне 200 000, повеќе нема да се собираат бездомници.
Задоволство:
Индикатор што покажува колку е задоволно населението од владеењето на владетелот. На него влијаат многу фактори, позитивни и негативни. Одржувањето високи нивоа Задоволство е клучно во управувањето на Империјата, ако се земе во предвид фактот дека при Задоволство под 50, шансата за немири прогресивно се зголемува за 2% коешто води до прекин на извлекување данок додека задоволството не се зголеми повторно; и под 20 Задоволство - секој процент надолу ја зголемува шансата за бунт којашто прогресивно се зголемува за 2%. Бунтот води до прекин на производство.
Неопходно за сите градби и некои истражувања.
Неопходно за обука на воени единици.
Се произведува од населението вработено во Пиланите.
Неопходно за некои од градбите, истражувањата и сите воени единици.
Се произведува од населението вработено во Рудниците за Железо.
Главен ресурс за изградба на Тврдини.
Неопходен за некои градби и некои истражувања.
Се произведува од населението вработено во Каменоломот.
Основно производство за 100 цивили: 10 дрво/ 2 железо / 5 камен.
Престолнината на Империјата има фиксен бонус +10% производство на сите ресурси.
Империјаните имаат 20% бонус производство на камен на сите територии на Империјата.
Производството може да биде зголемено преку:
- Активирање Премиум, платен со дијаманти - го зголемува за 10%.
- Подигнување на нивоата на Тврдина - секое ниво на Тврдина го зголемува производството за 10%.
- Подигнување на нивоата на сојузното истражување Производство (ако играчот е во Сојуз) - секое ниво им доделува 2% бонус производство на сите членови.